„Христе Боже, Кој се воплоти од неизмерна љубов, поради милосрдието на Твоите неискажливи штедроти, со божествена светлина го удостои слепиот кој беше лишен од светлина уште од утробата, кога со кал ги намачка неговите очи со Твоите Творечки прсти. Самиот Ти, Дарителу на светлина, озари ги и нашите душевни сетила, како единствен неисцрпен во давањето“ (хвалитна стихира на Утрена на Шеста недела по Пасха).

 

На 05.06.2016 година, во Шестата недела по Пасха - Неделата на слепиот, и на празникот на преп. Михаил Синадски и преп. Ефросинија Полоцка, во манастирот „Пресвета Богородица“ - Захумска, во с. Трпејца, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Атанас Казанџиски, протоѓаконите Антонио Дујовски и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Архиепикопот Стефан се обрати пред верниот народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме.

Nike air jordan Sneakers | Air Jordan Release Dates 2020

 

Повод за овој наш собир беше осветувањето на возобновениот манастирски конак, кој од забот на времето, но и негрижа, беше речиси целосно разрушен. Манастирскиот конак се изгради со благослов на нашиот надлежен Митрополит Тимотеј, а беше изведен според идејниот проект, изработен од страна на НУ Завод и Музеј Охрид. Конакот е изграден според сите современи стандарди, но, сепак, со својот автентичен изглед, типичен за Охрид и охридското карјбрежје, не го нарушува прекрасниот манастирски амбиент. Истовремено, се водеше грижа и да нема никакво загадување при користењето на објектот, односно покрај истиот е вградена современа прочистителна станица, со која не се дозволува отпадните води да го загадат езерото, како и целата околина. Со возобновувањето на конакот, исчезна и старата слика на зафрлено и напуштено место, во кое само старата црква до XIV век сведочеше за значајноста на ова светилиште. Покрај возобновувањето на конакот, партерно се уреди и целиот простор покрај манастирот, со што отсега овој манастир ќе стане уште еден од најголемите христијански, верски и туристички симболи на градот Охрид.

 

Овој прекрасен ден беше одбележан со присуството на мноштво верници, како од селото, така и од Охрид, а меѓу присутните гости беа и: градоначалникот на Охрид, г-дин Никола Бакрачески, министерот за одбрана на Р. Македонија, г-дин Зоран Јолевски, претставници од локалната самоуправа, претставници до црковниот одбор од с. Трпејца, претставници од НУ Завод и Музеј Охрид, како и многу други истакнати личности од општествениот и јавен живот.  

 

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

 

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН

 

Црквата Христова – лечилиште за сите

 

Сите наши манастири се подигнати на места со особени природни убавини. А овој Заумски манастир, ми се чини, емеѓу оние што се подигнати на најубавото од најубавите места! Ако секој манастир изобилува пред сѐ со мир, овде овој чиниш има само – мир, зашто само шумот на езерските бранови и цврчокот на птиците го нарушуваат постојаното спокојство што владее на овој непристапен брег на Охридското Езеро.


При секое доаѓање или поминување покрај ова Богородично светилиште, чие градење е датирано во средината на четиринаесетиот век (1361 г.), како ретко каде ме восхитувале чувството за убавина и решеноста за подвиг на оние кои што го избрале ова место за свое тихување. Овде, скриени во пазувите и под стреата на извишените карпи и пред синилото на езерската шир, само вистински оддадените на Бога можеле да се оддадат на поголеми подвизи и да ја доживеат и живеат целосната самотија, далеку од искушенијата и соблазните на светот. Овде единствено дружење, преку молитвата, било и е можно само со Бога и со Неговите светии.


Имајќи го близу Светинаумовото светилиште, веројатно црнорисците коишто имале потреба од поголемо подвизание, овој осамен брег им бил најпогодно место за тоа. Овде можеле да најдат утеха сите уморени од искушенијата на денот и да најдат лек од сите болести ирани на животот. Впрочем, секој манастир и секоја црква – се лечилишта.


Ако ја имаме предвид смислата и целта на Христовото доаѓање, тогаш јасно ќе ни биде дека христијанските светилишта се токму тоа – се лечилишта за народот. Христос е и неповторливиот лекар и незамнливиот лек! Во Неговата Црква има лек за сите гревови, има лек за сите болести на душата и телото. А гревот е најголемата болест во човечкиот род. Од Адама до Христа сите боледуваа и со Неговото доаѓање дадена ни е можност да се излечиме. Тој и на Своите апостоли им дал власт да лекуваат секаква болест и секаква немоќ (сп. Мт 10, 1).


Денешниов пример од прочитаното свето Евангелие кому му е посветена оваа Недела (Јн 9, 1-38), посведочува за исцелителната сила на верата во Господа. И не само слепиот Вартимеј, кој од раѓање бил слеп и прогледал – се излечил, туку милиони и милиони христијани го доживеале тоа чудо и се излечиле. Па каков бил Савле пред да постане апостол Павле, па кој бил и каков бил Петар, кои биле и какви биле апостолите? – Савле кога се крстил – кога поверувал во Христа – прогледал! И од тој ден, од денот на крштевањето во Дамаск (Дела 9, 18), Павле ништо друго не гледал освен воскреснатиот Господ. И апостол Петар и сите апостоли прогледале преку воскреснатиот Господ и преку Него го виделе и светот и себеси. Со слегувањето на Светиот Дух врз нив, тие како да добиле и нови очи – доживеале целосно преображение на умот и срцето, на мислата и душата, и вистински прогледале и во Господа Христа Го препознале и виделе Бога, Го виделе Спасението на сите и Лекот за сѐ. Таа Христова светлина е средството со кое гледале многубројните маченици и светители, многубројните богоугодници и христољупци во изминативе 20 столетија. И само охристовени личности и народи, само личности и народи кои преку својот богољубив живот Го виделе Лекот - и се излечиле и вистински прогледале – само тие можеле да создаваат дела со кои и други ќе се лечат и други ќе прогледуваат.


Светите солунски браќа Кирил и Методиј и нивните ученици – свети Климент, од чие упокојување оваа година одбележуваме 1100 години, со свети Наум се вистински пример за тоа како треба да живееме, како треба да постапуваме за да се удостоиме за да ја видиме вистинската светлина и во животот да имаме спасоносна виделина.
Целиот свој живот овие наши просветители се труделе што повеќе да се излечиме од лагата на гревот и да се огрееме од светлината на Еднотроичниот Бог. Овие наши рамноапостоли помогнале да се излечиме од неразумното слепило на нашите очи,и тие, со силата на евангелското Слово, ни го истерале слепилото на срцето и нѐ просветлиле со боговдахновени зборови, ... упатувајќи ги нашите заблудени нозе на прав пат. Тие големи учители на вератаги учеле и ги просветувале народите со збор и писмо, и со книга и молитва. Граделе храмови и манастири и поучувале што е најпотребно при лекувањето од гревот и за спасение на душата. И ни оставиле аманет преку празничните слова и поуки, преку пораките упатени до паството, до свештениците и епископите, но најмногу нѐ поучиле преку личниот пример.


– Не е доволно да се биде христијанин по името, туку по делата - поучувал св. Климент. Тоа значи, да се знае и живее според верата, тоа значи дека не е доволно да ја знаеме дијагнозата, туку е потребно да употребиме и вистинска терапија. Затоа САС на МПЦ, согледувајќи ја потребата кај нашите млади генерации од знаење на основното учење на христијанската вера, постојано упатува барања до надлежните институции за воведување на веронауката во нашето образование.


Само упатени личности во верата ќе знаат што е дозволено а што не е, ќе знаат што треба а што не треба да прават. И само од здрави личности можеме да создаваме примерни бракови и угледни семејства, и да градиме здраво општество и да имаме силна Црква. Само здрави личности можат да видат што е добро а што не е добро, и кај себеси и кај другите. И колку побрзо се излечимесебеси – толку побрзо ќе можеме да им помагаме и на другите.


Слепиот од денешното свето Евангелие, како и светите апостоли Павле и Петар, светите Методиј и Кирил, светите Климент и Наум и сите богоугодници во Црквата Христова се пример за тоа што треба да ни биде цел во животот.Само така ќе ја видиме и разбереме смислата на нашето живеење овде на земјата – препознавајќи Го единствениот Лекар и вистинскиот Лек за спасоносно прогледување и гледање, зашто под небото нема друго име дадено на луѓето со кое можеме да се спасиме (Дела 4, 12). А единствениот Лечителнѐ очекува да си го побараме лекот и вистински да се излечиме!


Нека ни е честито осветувањето навозобновениот конак! Честитки за проектантот и за сите коишто се вградија на свој начин во ова прекрасно дело, со што помогнаа овој Заумски манастир да продолжи да биде уште едно вистинско духовно лечилиште на Охридсково Езеро и во нашата света МПЦ.


Христос воскресе!

 

osvkonzaumosvkonzaum 1osvkonzaum 2osvkonzaum 3osvkonzaum 4osvkonzaum 5osvkonzaum 6osvkonzaum 7osvkonzaum 8osvkonzaum 9osvkonzaum 10osvkonzaum 11osvkonzaum 12osvkonzaum 13osvkonzaum 14osvkonzaum 15osvkonzaum 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3