„Ништо не можат да му сторат на маченикот лакот и стрелите твои, непријателу на човековото спасение, бидејќи тој и по смртта живее и бдее, и им се противи на твоите злодела, за да го спаси секого што православно верува“ (песна од канонот на Утрена на Тодорова сабота).

 

На 04.03.2023 година, во првата Сабота од Великиот пост - Тодорова сабота, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,

Целокупниот живот на православниот човек се состои во тоа што да направи спротивно од тоа што го направиле нашите прародители Адам и Ева во почетокот на човечката историја. Ако нашите прародители го разрушиле општењето со Бога, откажувајќи се од Него, не извршувајќи го Божјиот закон и посакале да живеат по својата волја, тогаш нашата задача е да се повратиме во општење со Бога и да се соединиме со својот Отец Небесен, односно со нашиот Создател. Во основата на гревот на нашите прародители, кои не сакале да ја исполнуваат Божјата волја, стои непослушанието и неприфаќањето на Неговата волја. Наспроти тоа непослушание, ние луѓето треба да ја прифаќаме Божјата волја и тоа е основата на нашиот живот. Таа волја Божја ние ја знаеме и таа ни е дадена преку Божественото откровение.


Божественото откровение е сочувано во Црквата, во општењето на верниците кај кои живее и дејствува Светиот Дух. Со силата на Светиот Дух славата Божја се зачувува во Црквата неповредено и никакви времени прилики или човечки мудрувања не се способни да ја разрушат таа слава. Или како што вели св. Игнатиј Брајчанинов: во неприкосновена целост е сочувано откриеното учење Божјо и исклучително во лоното на Црквата. Но, ние не стапуваме во Црквата само за да ја сознаеме волјата Божја туку во Црквата стапуваме во особено општење со Бога со посредништво на молитвата. Во Црквата ни се дава можност да постапуваме со нашите постапки и мисли соодветно на волјата Божја и да согледаме колку ние се оттргнуваме од вистинскиот курс. И доколку постапуваме или мислиме неправилно, односно не во согласност со Божјиот закон, Црквата ни дава можност за смирение и можност да се покаеме пред Бога за своите гревови, да го исправиме својот животен пат и да продолжиме да се движиме по патот на духовното усовршување.


Уште нешто многу важно произлегува во Црквата. Ние не само што се учиме на славата Божја, не само што можеме да се коригираме во нашиот живот, упатувајќи се на вистинскиот пат, туку со Божествената сила на Светиот Дух ние стануваме способни да одолееме и да го совладаме гревот. А доколку гревот е единствена причина, која ја разрушува реалноста помеѓу човекот и Бога, тогаш покајанието и благодатта Божја што ја добива човекот ја разрушува таа преграда и ние се враќаме кон можноста да бидеме во непосредна близина на Бога и да се соединиме со Него. За значењето на Црквата во духовна смисла и за очистувањето на човекот, св. Тихон Задонски има кажано: тоа што е болницата за болните, тоа е Црквата за христијаните – болни духовно. Во Црквата влегуваат духовно болни да се излекуваат духовно и да се спасат. Познато е дека современата медицина се справува со многу физички болести, но тие не се во состојба да го вратат човекот во младоста, а толку повеќе не се способни да го продолжат животот онолку колку што сака човекот.


Смртоносните и опасни духовни болести можат потполно да се излекуваат, а душата е способна да се обнови така како што не може да се обнови телото. Таквото обновување и излекување од гревовите ние го наоѓаме во Тајните на Црквата. Светиот апостол Павле ја нарекува Црквата таинствено тело Христово (Ефес. 1, 22-23). Нам ни е тешко да разбереме што означува тоа, но едно е јасно, тоа што е кажано не е прост образ или лик. Телото Христово не е метафора туку реалност. Кога црковната заедница на верниците се собира со својот епископ или свештеник и кога ја извршуваат светата Тајна на Телото и Крвта Христова, односно светата Евхаристија, тогаш тоа се јавува како видлив образ за она што зборувал апостолот Павле. Затоа и св. Симеон Нов Богослов ја именувал Евхаристијата – Таинство на Црквата.


За време на целата оваа седмица од Велигденскиот пост ние се молевме, размислувавме, слушавме поучни слова, псалми и други молитви и му принесувавме покајание на Бога. Денеска многумина ќе пристапат кон светата Чаша, затоа што подвигот, воздржувањето и покајанието должно е да се заврши со учество во најсветата Тајна Евхаристија. Господ Бог, како одговор на нашата молитва, иако честопати слаба и немоќна, а не ретко и нецелосна, преку Својата милост и преку најсветата црковна Тајна, да ни подари спасение и вечен живот. Амин.


Ман. „Свети Климент – Плаошник“
Охрид
04.03.2023 г.

 

todorsab2023 1todorsab2023 2todorsab2023 3todorsab2023 4todorsab2023 5todorsab2023 6todorsab2023 7todorsab2023 8todorsab2023 9todorsab2023 10todorsab2023 11todorsab2023 12todorsab2023 13todorsab2023 14todorsab2023 15todorsab2023 16todorsab2023 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3