На 30.4.2023 година, втора недела по Пасха, денот во кој Црквата го прославува споменот на светите жени Мироносици, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на осветувањето на новоизградениот храм посветен на светите солунски браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј во Дортмунд, Германија. На Архиепископот му сослужуваа Неговите Високипреосвештенства, Митрополитите: Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Европски г. Пимен, како и архијереите од сестринската Српска Православна Црква, Епископите: Дизелдорфски и Германски г. Григориј и Западноевропски г. Јустин.

По Осветувањето на ова прекрасно ново светилиште беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија. Среде повеќеилјадниот верен народ, присутни на овој многурадосен богоугоден настан беа и македонскиот в.д. амбасадор во Берлин, НЕ Васко Грков, заменик-градоначалникот на Дортмунд г. Манфред Зауер,  пратеничката во Бундестагот г-ѓа Сабине Пошман, градоначалникот на дортмунската општина Шарнхордст, во која и се наоѓа новиот храм, како и поранешниот градоначалник на истата општина г. Рудригер Шмит, кого во оваа прилика Светиот архијерејски синод на нашата Света Црква го одликува со Светоклиментов орден од III ред, поради неговите заслуги за изградбата на храмот. Исто така, присутни беа и бројни Германци ‒ пријатели на Македонците во Дортмунд и на Македонската Православна Црква, како и гости Македонци од Торонто, Канада, и од повеќе места од Татковината.

По осветувањето, во новиот храм се извршија и две Крштевки и една Венчавка.

Нека е вечно ова ново македонско светилиште!

Веста е преземена од Скопската епархија.

 

IMG 3f3aaa40dbfab1dbb46eecbf1eeaafb3 VIMG 3f7b2d88696a6492e3a2f0a9bf0081b3 VIMG 9a1f2886331dccbed52bfe1242a0241d VIMG 53b555e10f45aadac109a5686232bb90 VIMG 69ab3608da385c6704f90e492eddbb69 VIMG 80ebc6a2ee10d96853662ea3d6b9b53e VIMG 3845ff4572ed450b9e867b3458c1be0a VIMG ba653af9a554c9cc07c6e93115b4dc05 VIMG ddb2902b78b2051cf909d1b217c0de67 VIMG ed8200cf90fbe3a883ad2528c4f3ecd1 VIMG f434d81e68a9a7ff93d1fca0fbe87c9b V 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2