На 27.11.2023 година, во просториите на Институтот за национална историја во Скопје, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, редовен асистент на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и хонорарен референт во Дебарско-кичевската епархија Охрид, ја одбрани Докторската дисертација на тема „Св. Климент Охридски во културно-историските и црковно-богослужбените традиции“ под менторство на дописниот член на МАНУ проф. д-р Сашо Цветковски, а пред комисијата во состав: проф. д-р Билјана Ристовска - Јосифовска, претседател на комисијата, проф. д-р Танас Вражиновски, проф. д-р Лилјана Гушевска и проф. д-р Драги Ѓорѓиев. На одбраната на Докторската дисертација присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Деканот на ПБФ „Св. Климент Охридски“ Скопје проф. д-р Дејан Борисов, професорот на ПБФ „Св. Климент Охридски“ д-р Ѓоко Ѓорѓевски, како и повеќе свештенослужители од Епархијата и роднини на протоѓаконот. Од името на нашиот Митрополит и од името на нашата Епархија и нашата МПЦ-Оа, му ја честитаме одбраната на протоѓаконот Николче, со желби и молитви за уште поголеми успеси, за негово добро и за доброто на нашата света Македонска црква.