„Големиот војвода на бесплотните ангели, кога се појави во градот Назарет, ти Го навестува, Пречиста, Царот на вековите и Господа, велејќи ти: Радувај се, благословена Марие, чудо недостижно и неискажливо - обновување на луѓето!“ (седален на Утрена на празникот Благовештение на Пресвета Богородица).

 

На 07.04.2025 година, денот кога го прославуваме празникот којшто го навестува спасението на човечкиот род - зачнувањето од Светиот Дух на нашиот Спасител Господ Исус Христос, на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, којшто е и празник на нашата света Охридска архиепископија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и Администратор Дебарско-кичевски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот на Михаловце и Кошице г. Георгиј од Црквата на Чешка и Словачка, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, игуменот Агатон, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Димче Азески и Оливер Димитров, еромонахот Никодим, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Александар Димитријов, Драган Иванов и протоѓаконот Марош од Црквата на Чешка и Словачка. Архиепископот Стефан го произведе во чин чтец дипломираниот теолог Гоце Ристески од Охрид. По завршувањето на Литургијата, Архиепископот Стефан се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, во која го истакна значењето на овој велелепен празник за човековиот род, а, истовремено, се заблагодари и на Митрополитот Георгиј, кој дојде да сослужува со нас на овој голем ден за Црквата Христова и за нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Архиепископот Стефан му подари на Митрополитот Георгиј и прекрасна панагија со претстава на охридското Благовештение, празникот на нашата Охридска архиепископија, на што Митрополитот Георгиј возврати со зборови на благодарност за подарокот и за можноста да сослужува во велелепниот храм на Премудроста Божја. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Георгиј го посети манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што отслужи краток парастос на гробот на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј.  

 

blagovesten2025 1

blagovesten2025 2 

blagovesten2025 3

blagovesten2025 4

blagovesten2025 5

blagovesten2025 6

blagovesten2025 7

blagovesten2025 8

blagovesten2025 9

blagovesten2025 10

blagovesten2025 11

blagovesten2025 12

blagovesten2025 13

blagovesten2025 14

blagovesten2025 15blagovesten2025 16

blagovesten2025 17

blagovesten2025 18

blagovesten2025 19

blagovesten2025 20

blagovesten2025 21

blagovesten2025 22

blagovesten2025 23

blagovesten2025 24

blagovesten2025 25

blagovesten2025 26

blagovesten2025 27

blagovesten2025 28

blagovesten2025 29

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31