На ден 06.02.2013 година се навршија 120 години од смртта на нашиот преродбеник и поет, Григор Прличев. Добитникот на тогашната престижна награда Сердарот, ќе остане запаметен како поборник за воведување на македонскиот народен јазик во училиштата, а со тоа и борец против туѓите асимилаторски култури. Тој мечтае и за осамостојување на црковен план, а тоа најдобро ќе го искаже во плачот за Охридската архиепископија во песната „1762 лето“. За јазикот, но и за проповедта во црквите на туѓ, неразбирлив збор, Прличев ќе рече: А ние бедни, само името го слушаме оти викает светено писание, а што пишит во него, баре хабер немаме. Се пеет, а ние не разбираме, туку стојме како зграгорени, јазик, јазик свој си имавме и го погазивме, сите народи си учат свој јазик, а само ние учиме јазик чужди најм’чен. Децата пеет на училиште и не рзабирает, затова учет без севда и слепи останвет.

На овој ден, во дворот од храмот „Пресвета Богородица – Перивлепта“ во Охрид, каде што се наоѓа Прличевиот гроб, беше извршена Панихида, на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски и свештеник Љупчо Симиџиески. На Панихидата присуствува повеќе личности од јавниот и културниот живот, како и роднини на поетот. На гробот положи свежо цвеќе и делегација од Општина Охрид, предводена од градоначалникот на Охрид, г-дин Александар Петрески.  Нека му е вечен споменот!  

latest jordans | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

grigprl2013

grigprl2013 2

grigprl2013 4

grigprl2013 6

grigprl2013 8

grigprl2013 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2