Светата Црква Христова, како грижлива Мајка, со поуките за смирението и покајанието, нè подготвуваше веќе неколку недели наназад за светиот Велигденски пост. А еве веќе денес стигнавме и до неговиот почеток, давајќи ни уште едно средство за влез во Царството Небесно – проштевањето. Според дамнешната традиција во нашата црква и епархија, на 22.02.2015 година, на празникот Прочка, во вечерните часови се отслужи Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставорофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На крајот од Вечерната богослужба, се помоливме и за почетокот на Великиот пост, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Никола Христоски се обрати кон верниците со пригодно слово. На крајот, според обичајот, сите побараа прошка еден од друг, за опростени и очистени од секаква омраза и непријателство, да можат да го започнат Великиот пост и со радост да го дочекаат Воскресението Христово.