„Имајќи во себе бура од помисли на сомневање, целомудрениот Јосиф се смути кога те гледаше тебе – безбрачната, помислувајќи, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога дозна дека твоето зачнување е од Светиот Дух, рече: Алилуја!“ (кондак четврти од Акатистот на Пресвета Богородица).
На 27.02.2015 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, во првиот Петок од Великиот пост, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Никола Христоски. Многубројниот верен народ се помоли на Пресветата Владичица, барајќи од неа сили и застапништво за добро да го поминеме Великиот пост и со радост да го дочекаме Воскресението Христово.