Третата недела од светата Четириесетница во Дебарско-кичевската епархија, Охридското архиерејско намесништво беше прославена со архиерејска Литургија, отслужена во манастирот „Св. Климент Охридски и вмч. Пантелејмон" на Плаошник – Охрид.

На светата Литургија чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј и свештениците Игор Никовски и Никола Христоски, како и ѓаконот Димче Азески.

Authentic Sneakers | Nike

На крајот од утрената богослужба Владиката г. Тимотеј и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот- извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Владиката г. Тимотеј на секој верник му даруваше китка босилек. На светата Литургија со пригодна празнична беседа кон верниот народ се обрати Владиката г. Тимотеј, во која говореше за суштината на празнувањето на светиот Крст во третата недела од Великиот Пост наречена Крстопоклона недела, и меѓу другото рече: „...Колку мудро постапува светата Црква кога во средината на Великиот пост ни го покажува светиот Христов Крст! Таа сака да ни вдахне трпение, љубови и смирение, да нè охрабри, да нè окуражи, та смело да го продолжиме великопосниот подвиг, кој, главно, и пред сè, се состои во воздржување од секакво зло (I Сол 5, 22) и достојно да го дочекаме и да го прославиме светлото Христово воскресение...". На светата Литургија кон светите Христови Тајни пристапија поголемиот дел од присутните верници.

3g

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2