Исполнувајќи ги зборовите Христови „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е Царството небесно“ (Мт. 19,14), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, традиционално, и годинава, на празникот на Христовото раѓање ги прими во својот дом дечињата на вработените во нашата епархија. Митрополитот Тимотеј ги благослови најмладите и им подели Божикни пакетчиња, та и тие да учествуваат во радоста на Христовото раѓање. Дечињата искрено му заблагодарија на дедо Владика и ја целиваа неговата света десница.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИК
„Дева денес Го раѓа Предсуштествениот, и земјата Му нуди пештера на Непристапниот. Ангелите со пастирите Го славословат, а мудреците со ѕвездата патуваат, оти заради нас се роди младо дете – предвечниот Бог“ (кондак на Рождество Христово).
Овоплотувањето на Синот Божји е најголемиот чин на љубовта Божја кон луѓето и светот. Оној Кој вечно се раѓа од Отецот, сега се раѓа во времето од Пресвета Дева Марија, за да го спаси човековиот род од смртта и трулежноста. Затоа и ние толку многу се радуваме на овој празник и му пееме на Бога: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“.
БOЖИK
„Раѓањето Твое, Христе Боже наш, светот го озари со светлината на богопознанието; преку неа служителите на ѕвездите, се учеа од ѕвездата да Ти се поклонуваат Тебе – Сонце на правдата, и да Те познаат, Истоку од висините: Господи, слава Ти.“ ( тропар на Божик)
affiliate link trace | Nike Dunk Low Disrupt Pale Ivory - Grailify
СВЕЧЕНА ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ „1100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ“
По повод одбележувањето на Јубилејот „1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски Чудотворец“ на ден 22 декември 2010 година, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид се одржа свечена духовна академија, организирана од Собранието на Република Македонија. Академијата ја отвори протоѓакон Ратомир Гроздановски, професор на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а свои поздравни говори имаа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска. За прекрасниот духовен амбиент се погрижи хорот „Св. Злата Мегленска“ од Скопје. На свеченоста беа присутни и Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, потпретседателот на Владата на Р. Македонија задолжен за европски прашања г. Васко Наумовски, градоначалникот на град Охрид г. Александар Петрески, деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје протоереј-ставрофор Александар Гиревски, пратеници од Собранието на Р. Македонија, членови на Советот на град Охрид, претставници од Армијата на Р. Македонија, како и други гости.
Asics shoes | Nike - Shoes & Sportswear ClothingСВЕТИ НИКОЛА
На 19.12.2010 година, денот кога го прославуваме светиот Никола Архиепископ Мирликиски Чудотворец, во црквата „Св. Никола Геракомија“ во Охрид се отслужи света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на повеќе свештенослужители. Многуброен верен народ дојде да му оддаде чест на великиот светител Никола, да се поклони пред моштите на св. Марина и св. Јован Владимир, а оние кои се подготвувале за света Причест, пристапија кон светиот Путир и се причестија со Телото и Крвта Христови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј го прекрши празничниот колач и одржа пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост: