Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог Ви ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во Седмата недела по Педесетница и на празникот Пренесување на моштите на св. Климент Охридски Чудотворец.

Повеќе...

„Свештенотајнику, откако си проникнал во бездната на Божјата Премудрост, богатството на божествените Писанија оттаму си ги нацрпил, со кое елинскиот глас, со словенски јазик си го појаснил, семудри Клименте. Затоа со љубов те славиме“ (стихира на Утрена по Псалм 50-ти).

 

Прославата на светиот Климент Охридски, на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон продолжи на 09 август 2024 година, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Ефтим Бетински и Љупчо Двојаковски, протоерејот Горан Ставрески, протонамесникот Младен Јурошевиќ од Српската православна црква, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. Светиклиментовото дело продолжи и денеска во неговиот манастир, преку раката на нашиот свет Владика, кој го ракоположи монахот Амвросиј во ероѓаконски чин, на кого му честитаме со желби и молитви за достоинствено носење на новиот крст што денеска го прими. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Пимен се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Со трубите на словата ти го изгони незнаењето, блажен, и го подигна народот словенски и му вкорени знаење, и му даде дух, и Му остави на Бога обожено и свето наследство; него сочувај го од секаква опасност, зашто те почитува и го извршува твојот светол и значаен спомен“ (стиховна стихира на Вечерна на св. Климент Охридски).

 

Ете и оваа година торжествено го прославивме споменот на нашиот патрон, патронот на нашата света Македонска црква и патронот на нашиот град Охрид, споменот кој никогаш нема да згасне, на нашиот првоучител и духовен водач, и тогаш и сега, на светиот Климент Охридскиот Чудотворец и на светиот великомаченик и целител Пантелејмон, како и на светите Седмочисленици. Празнувањето на големите светии започна на 08 август 2024 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, со празнична Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. Подоцна беше отслужен и Акатистот посветен на светиот Климент Охридски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Благочестива (Параскево), украсу на мачениците, откако си силата на крстот ги порази сплетките на непријателите, и храбро ја победи свирепоста на мачителите, ја проповедаше верата во Бога“ (песна од канонот на Утрена на св. преподобномаченица Параскева).

 

На 08.08.2024 година, на празникот на светата преподобномаченица Параскева и на светиот свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“ во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

На 06.08.2024 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го прими Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј заедно со сите браќа и сестри од Бигорскиот манастир, манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ с. Рајчица, ман. „Пресвета Богородица Пречиста“ Кичево и ман. „Св. вмч. Ѓорѓи“ с. Кнежино, Кичево. Повод за оваа посета беше Дваесет и девет годишниот јубилеј и почетокот на триесеттата година од монашењето на Епископот Партениј и возобновувањето на монашкиот живот во Бигорскиот манастир. По овој повод, монасите од овие манастири, како благодарност за примањето на монашката схима од раката на нашиот Митрополит Тимотеј, и како благодарност за Неговото монахољубие, му подарија на Митрополитот Тимотеј прекрасен архиерејски жезол. 

Повеќе...
Страница 5 од 291

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3