„За да ни покажеш јасно како ќе биде Твоето страшно Второ пришествие, Севишни Боже, и дека ги надминуваш сите богови, Ти неискажливо засветли на Тавор меѓу апостолите, Мојсеја и Илија. Затоа Христе, сите ние Те величаме“ (песна од Канонот на Утрена на празникот Преображение Христово).

 

Оној Кој е посветол и од светлината и повеличествен од вселената, се преобрази на Гората Тавор, покажувајќи им на Своите тројца ученици само мал дел од Својата слава. Учениците, не можејќи да ја поднесат непристапната светлина на Христовото лице, паѓаа кон земјата, но и го слушнаа гласот што сведочеше: Овој е Мојот возљубен Син, Кој дојде во светото да го спаси човекот. Затоа Христе, како што ги осветли Своите ученици, така просветли ги и нашите души.

 

На овој величествен ден, на 19.08.2015 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереите Никола Христоски и Темелко Донески, свештеникот Васко Голабоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Според обичајот на нашата света Црква, на овој ден беше осветен и новиот лозов плод, кој во форма на вино, а преку слегувањето на Светиот Дух, ќе се преобразува во Крв Христова, онака како што и нашиот Спасител се преобрази на Гората Тавор.

jordan release date | Patike
Повеќе...

„Чудесниот Климент - великата труба на Вистината, денес ги повикува сите празникољупци на веселие. Сите верни, светло да го пречекаме торжеството, со песни славејќи го добриот пастир, неговите свештени подвизи, та со неговите молитви да примиме од Христа милост голема“ (литиска стихира на Вечерна на свети Климент Охридски). 

 

Празнувањето на овие големи празници, започна ден претходно, на 08.08.2015 година, со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосветенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост. А по кратката пауза од Вечерната служба, пред моштите на нашиот покровител, светиот Климент Охридски, беше прочитан и Акатистот на светителот.

trace affiliate link | Nike
Повеќе...

„Вљубена во Твојата убавина, Христе, чистата Параскева го поднесе горењето од огнот, викајќи: Трчам по трагите на Твојата божествена миризба, во мојата истрајна борба, благословувајќи го непрестајно Твоето име божествено“ (песна од канонот на преподобна Параскева).

 

На 08.08.2015 година, денот кога го прославивме споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка и светиот маченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“, сместен во дворот на манастирот „Св. НАум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалкствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Authentic Nike Sneakers | Releases Nike Shoes
Повеќе...

„Телото си му го покорил на умот, божествени пророче Илија, полагајќи ги во твоето срце искачувањата ревносно по скалила. Затоа си го изобличил и неправедниот цар, кога му ја пренесе заканата на гневот Божји, и безбожните свештеници си ги погубил со нож како неправедни, и сите си ги научил да викаат: Навистина единствениот Бог е Оној што Илија Го проповеда“ (литијна стихира од Вечерна на свети пророк Илија).

 

Празнувањето на светиот пророк Илија и на преподобните пречистански маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, започна ден претходно, на 01 август 2015 година, со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Владо Недески, Дарко Милев и Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Александар Крстаноски. По завршувањето на Вечерната, беше отслужен и парастос за сите оние кои ги положиле своите животи за зачувување на Црквата и Татковината.

best Running shoes brand | Air Jordan
Повеќе...

На 26.07.2015 година, во осмата Недела по Педесетница, Неделата на светите отци, и на празникот Собор на св. архангел Гаврил и преподобната Сара Египетска, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Димче Азески, старешина на храмот, се обрати кон верниот народ со пригодно слово. 

best shoes | Nike Air Max
Повеќе...
Страница 180 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2