„Нека кажат Јудеите како војниците го погубија Царот што Го чуваа, и зошто каменот не го дочува Каменот на животот? Или погребаниот да Го дадат, или на Воскреснатиот да Му се поклонат, говорејќи со нас: Слава на мноштвото Твои штедрости, Спасителе наш, слава Ти“ (воскресна стихира на Хвалитни на Утрена на втор ден Воскресение Христово).
На Вториот ден од прославувањето на празникот над празниците и торжеството над торжествата - Воскресението Христово, на 13.04.2015 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Ристе Наумоски, Никола Христоски, Васко Голабоски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита најрадосниот ден на струшките верници, и ги поучи со пригодно слово, во кое се задржа на значењето на Празникот за човечкиот род, но и за учеството на христијаните во Воскресението Христово, преку нашата доброволна жртва и правењето добродетели.
latest jordan Sneakers | Women's Nike nike roshe heart and sole shoes for women Shadow trainers - Latest Releases , Ietp