„Сите оние што се собрале со љубов да го прославата твојот чесен спомен, и со вера стојат пред гробот на твоите свети мошти и набожно се поклонуваат, ослободи ги од болести и паѓања, од секаква опасност и неволји, од демонско искушение, од неправедни луѓе кои го сакаат злото, бидејќи за најтопол помошник те придобивме" (стихира на Господи повикав... на Вечерна на преподобен Наум Охридски Чудотворец).
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
Свети Николај Мирликиски чудотворец
„Николае, ти правиш извонредни чудеса по целата земја, и на оние што се во неволји далеку по морињата им помагаш со твоите брзи молитви, јавувајќи се како лекар на болните, хранител на бедните, на верните луѓе што го носат твоето име – победа над непријателите" (песна од канонот на свети Николај Мирликиски Чудотворец).
На 19.12.2014 година, денот кога го празнуваме свештениот спомен на правилото на верата и примерот за кроткоста, свештеноначалникот Николај Мирликискиот Чудотворец, во храмот „Св. Никола Геракомија" во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, свештеникот Љупчо Симиџиески, еромонахот Доситеј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
Преподобен Нектариј Битолски
„Отче, богомудар Нектарие! Од дете си се молел храбро да го износиш Христовиот крст и добро да го изврвиш спасителниот пат на Евангелието, кој води кон небесниот град, себлажени. Таму душите на праведниците Му се радуваат на Христа, Бога, славејќи Го со божествени песнопеења" (стихира на Господи повикав... на Вечерна на преподобен Нектариј Битолски).
Running Sneakers Store | Air JordanНови изданија на Дебарско-кичевската епархија

Почитувани верници,
Дебарско-кичевската епархија, под духовното раководство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и секоја година, постојано се грижи за духовното надградување на своите верници, но и на сите верници на нашата света Македонска православна црква. Имено, во рамките на нашата издавачка куќа Канео, и ова лето Господово, според нашите можности, излегоа повеќе вредни наслови, кои секој православен верник треба да ги прочита и да ги поседува во својата домашна библиотека.
Св. вмч. Георгиј и Св. Алимпиј Столпник
„Венценосецу Георгие, стоејќи целиот светол пред чесниот престол на Оној што владее со сите, со твоите молитви и застапништва запази ги тие што со топла вера и љубов те призиваат тебе, Христов маченику" (песна од Канонот на светиот великомаченик Георгиј победоносец).
На 09.12.2014 година, на празникот на светиот великомаченик Георгиј, на преподобниот Алимпиј Столпник и на светиот Стилијан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи" во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Пред започнувањето на Литургијата, беше осветен новиот иконостас, изрезбан од раката на Никола Костовски, а иконите, со исклучок на првиот долен ред, се дело на Илија Шапкароски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.