На 12.10.2014 година, во Осумнаесеттата недела по Педесетница, и на празникот на преподобниот Киријак Отшелник и на светиот Теофан Милостив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Митре Попоски, свештениците Никола Христоски, Ристе Наумоски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. Козма и Дамјан" („Св. Врачи") во с. Враништа, Струшко. Храмот започна да се гради во 20009 година, а ктитор на истиот е Новко Плаќаноски од с. Драслајца, Струга. Изградбата беше помогната и со донациите на локалното население и од сите верници од пошироката околина. Откако храмот беше осветен, веднаш беше отслужена света архиерејска Литургија, на која Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
Осветување на камен-темелник на храм "Преподобна параскева" во с. Пештани
На 11.10.2014 година, на празникот на преподобниот Харитон Исповедник и светиот пророк Варух, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј и свештениците Никола Христоски и Атанас Казанџиски, изврши осветување и го положи камен-темелникот за новиот храм „Преподобна мч-чка Параскева Римјанка" („Св. Петка") во Пештани, Охридско. Храмот ќе се гради по иницијатива и во организација на црковниот одбор при храмот „Св. Кузман и Дамјан" во Пештани, а со донациите на локалното население и на сите добронамерни верници.
Осветување на камен-темелник на храм "Св. Петка" во с. Требеништа
На ден 09.10.2014 година, на празникот Упокојување на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување и го положи камен-темелникот за новиот храм „Св. Петка" во с. Требеништа, општина Дебарца, Охридско. Храмот ќе се гради по иницијатива на Дуклески Благоја и Слободан, а во организација на црковниот одбор од истото село.
Сите македонски Светии
„На крст Си се искачил Исусе, Ти, Кој Си слегол од небото; на смрт Си дошол – животе бесмртен, кон тие што се во темнина – вистинска светлина; кон паднатите – воскресение на сите; просветлување и Спасителе наш, слава Ти" (стиховна воскресна стихира глас осми).
latest Nike release | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - GovОсветување на храм "Св. Никола" во с. Годивје

На ден 28.09.2014 година, во Шеснаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. вмч. Никита, светиот мч. Порфириј и преподобниот Филотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. Никола" во село Годивје, општина Дебарца – Охридско. Храмот започна да се гради во 2002 година, а истиот беше подигнат со доброволните прилози на локалното население, како и сите добронамерни верници од пошироката околина. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.