„Претечата на благодатта, познат како најголем меѓу пророците,и избран пред апостолите, да го овенчаме со песни пофални, бидејќи, заради законот на Господа, му беше отсечена главата“ (Светилен на Утрена на празникот Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител).

 

На 11.09.2024 година, денот кога си спомнуваме на славната смрт на чесниот пророк, Претеча и Крстител Јован, кому му беше отсечена чесната глава, а поради изобличувањето на гревот во овој свет, во манастирот „Св. Јован КРстител“ - Бигорски манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, архимандритите Матеј, од Грчката православна црква, Доситеј, Макариј и Кирил, протоереј-ставрофорите Никола ХРистоски и Златко Пуреовски, протоерејот Горан Ставрески, еромонахот Еразмо, свештеникот Миле Ангелоски и ероѓаконот Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. На крајот, се возрадувавме уште повеќе на овој празничен ден, со осветувањето на темелите за нов гробен храм, којшто ќе се гради над манастирот, кај манастирските гробишта, а истиот ќе биде посветен на заштитникот на монаштвото во Македонија, на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

Повеќе...

„Крстителу Јоване, проповеднику на покајанието, кога твојата глава беше отсечена, ја освети земјата, зашто Законот Божјји им го објасни на верните, а беззаконието го уништи. Стоејќи пред престолот на небесниот Цар - Христа, моли Го, да ги помилува душите наши“ (стиховна стихира на Вечерна на празникот Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител).

 

На 10.09.2024 година, во навечерието на празникот Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир, беше отслужена Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, архимандритите Матеј од Грчката православна црква, Доситеј, Макариј и Кирил, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Златко Пуреовски, протоерејот Горан Ставрески, еромонахот Еразмо, свештеникот Миле Ангелоски и ероѓаконот Силуан. Во оваа празнична вечер, под водството на Епископот Партениј, се родија уште тројца нови ангелообразни монаси, тројца нови духовни борци, кои поминувајќи го периодот на послушништво и искушеништво, доброволно и со благослов пристапија под раката на нашиот Митрополит Тимотеј, и го примија монашкиот потстриг. Имено, искушениците Јајка Силккола од Куопио, Финска, Деан Божинов од Радовиш и Оливер Марковски од Куманово, го примија врз монаѓкиот животен крст и ги добија монашките имиња: Елисеј, Пантелејмон и Евстатиј, соодветно. На манастирската слава на Бигорскиот манастир присуствуваа и многубројни гости, меѓу кои и архимандритите Матеј и Херувим, како и отците Теона и Кирил од Црквата на Грција и јерејот Петар од православната Црква на Романија. Посебен украс на манастирската слава беше и молитвеното и небесно пеење на отец Херувим со неговиот ангелогласен хор. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон новите монаси и кон сите присутни со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Преку молитвените бдеења си примил сила против непријателот, отче Јоакиме, а со своето трпение си се искачил на небесата. Кога го остави распадливиот земен живот, се пресели во нераспадливоста. Затоа те прославуваме“ (кондак на Утрена на преп. Јоаким Осоговски).

На 29.08.2024 година, денот кога правиме спомен на празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на преподобниот Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Роберт Илијевски, еромонахот Никодим, ѓаконот Марко Спасовски и ероѓаконот Амвросиј. По завршувањето на Литургијата,  беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Тебе, која Животот Го роди, и со твоето чесно успение кон бесмртниот живот премина, ангелите, началата и силите, апостолите и пророците, и сите твари те придружуваа, а Синот твој, со Своите нетлени раце, ја прими твојата непорочна душа, Дево Мајко Богоневесто“ (хвалитна стихира на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).

 

Празникот на чесното Успение на Пресвета Богородица започна торжествено да се прославува на 27 август 2024 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, со празнична Вечерна богослужба, на која што беа отпеани и погребалните статии за Мајката Божја, а на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски. Прославувањето на нашата постојана застапница и молитвеница пред Бога, на Мајката на Синот Божји и на нашата Мајка, продолжи на 28 август 2024 година, во истиот храм, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Васил Михајлоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. На Литургијата присуствуваше и Претседателот на Р. С. Македонија Гордана Сиљановска Давкова. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Откако на оние што се искачија на Гората со Тебе им откри само мал зрак од Твоето божество, Спасителе, ги направи љубители на Твојата небесна слава. Затоа восхитено викаа: Добро ни е да бидеме овде. Со нив и ние Те воспеваме Тебе, Спасителот Христос Кој се преобрази, во вековите“ (стихира самогласна на Утрена на Свето Преображение).

 

На 19.08.2024 година, денот кога го прославуваме Светото Преображение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, денот кога Спасителот им ја покажа Својата слава на учениците, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Ристе Наумоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На светата Литургија, беше благословен и новиот лозов плод, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 1 од 288

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4