Празнувањето на свети Наум Охридски, и оваа година на најторжествен начин се прослави во неговиот манастир кој се наоѓа на јужниот брег од Охридско Езеро. Свети Наум Охридски во православниот свет е познат како голем чудотворец кој лекува од душевни и телесни болести. Почитта кон овој светител е голема не само кај православните народи но и кај друговерните. Илјадници верници од Македонија, Албанија, а исто така и од другите соседни земји дојдоа во неговиот манастир и трпеливо чекаа да се поклонат и да се помолат на гробот каде што почиваат моштите од овој велик чудотворец.

affiliate link trace | nike fashion
Повеќе...

Споменот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, на најторжествен начин се прославува во Дебарско-кичевска епархија. Почитта кон овој светител од IV век, во Охридско-струшкиот регион е голема, бидејќи неколку години пред крајот на својот живот свети Еразмо Евангелието за нашиот Спасител Господ Исус Христос го проповедал во Лихнидос, денешен Охрид, каде што според житието овој светител покрстил околу 20 000 луѓе. Вечерта на 14-ти јуни сè до доцните вечерни часови, а исто така и наредниот ден на 15-ти, реки од верен народ трпеливо чекаа да влезат, да се поклонат, да се помолат, да запалат свеќа во црквата и во пештерата во која се подвизувал светиот Еразмо и на тој начин да ја изразат својата чест кон него.

Authentic Sneakers | Air Jordan

Повеќе...

Во неделата на 30 мај 2010 година, денот кога светата Црква го слави споменот на сите светии, уште наречена Недела на Сите Светии, во манастирот „Сите Светии“ во село Лешани – Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протојереј Темелко Донески, јеромонах Вартоломеј, игумен на манастирот, јереј Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски служеше света архиерејска Литургија. После завршувањето на Литургија во дворот на манастирот, Владиката заедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и се благослови и освети празничниот леб. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

 

Nike air jordan Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth
Повеќе...

Македонија оваа година по 43-ти пат, во базиликата „Свети Климент-Римски“ во Рим, го чествуваше споменот на сесловенските равноапостоли и просветители светите Кирил и Методиј. Македонската државна делегација беше предводена од Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Велјаноски, додека, пак, црковната делегација ја предводеше Митрополит г. Тимотеј. На 24 мај 2010 година, денот кога се слави споменот на светите браќа Кирил и Методиј, во базиликата свети Климент-Римски, на гробот кадешто почиваат моштите на свети Кирил се служеше молебен со кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: јереите Михајло и Климент, свештеници во северниот дел на Република Италија и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Голем број македонски граѓани кои живеат и работат во Република Италија, организирано со 5-6 автобуси дојдоа во Рим, а исто така и ученици од Република Македонија кои беа дојдени на екскурзија во Италија, присуствуваа на молебенот, молитвено изразувајќи ја својата почит кон светите браќа Кирил и Методиј.

Running sport media | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

Повеќе...

На 15 мај 2010 г., во црквата свети Георгиј во Струга, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј изврши света тајна Венчание врз Цветлана и Николче Танаскоски, син на протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, Архиерејски намесник на струшкото намесништво и еден од најпочитуваните и најценети свештеници во Дебарско-кичевска епархија.

latest Nike Sneakers | Men's Sneakers
Повеќе...
Страница 266 од 291

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3