„Свештеномаченику Еразмо, ти си слава и пофалба на архиереите, и пример на сите отечки учења, кој ја прими благодатта на чудеса, и со своите учења ја изобличи прелеста идолска. Затоа, имајќи смелост пред Бога, моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Слава... на господи повикав... на Вечерна на свети Еразмо Охридски).
На 14 и 15 јуни го прославивме споменот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец, на кога се поклонуваат и му се молат сите кои барем еднаш поминале од местото на неговото светло подвизување. Охридскиот и струшкиот народ, но и сите луѓе кои застанале во овој манастир, отсекогаш имале огромна почит кон овој наш застапник пред Бога, за што сведочат и многуте чуда, извршени врз оние кои за тоа му се помолиле. Затоа и во овие два изминати дена, манастирот беше преплавен од неизброен верен народ, кој повторно и одново доаѓа да ги приклони своите колена пред свештеномаченикот и пред Бога.
Празнувањето започна на 14 јуни, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Утредента беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен и чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
jordan Sneakers | NIKE AIR HUARACHE