„Откако со доблесните страдања направи уште подобри дела, плодовите од твоите подвизи Му ги принесе на Христа, преблажен маченику! Откако желбата ја поткрепи со вера, стравот со надеж го отфрли, љубовта небесна ја заработи, сефален Георгие! Затоа, имајќи смелост, со благопријатните молби проси мир за душите наши, очистување на гревовите и милост голема“ (литијна стихира на Вечерна богослужба на св. вмч. Георгиј).

 

Во средата од четвртата седмица по Пасха го прославуваме светото Преполовение, празник кој ги поврзува светата Пасха и Педесетницата. двата големи празници кои се соединети и поврзани еден со друг. Со прославувањето на Преполовението, ние всушност Го прославуваме Спасителот, Господ Исус Христос, но и ја нагласуваме важноста на овие два големи празници. Оваа година, на овој свет ден, на 06.05.2015 година, го прославивме и споменот на светиот великомаченик и победоносец Георгиј, храбриот маченик, кој ја изобличи нечестивоста на мачителот и Му принесе на Бога жртва благопријатна. Празнувањето на овие два празници започна со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештениците Никола Христоски, Благоја Спироски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. Оваа свештена вечер, беше голема радост за сите присутни, но особено за сестрите од овој манастир, кои добија уште два силни борци против оној кој попусто непријателствува против нас. Имено, Митрополитот Тимотеј замонаши уште две монахињи, кои со негов благослов и благослов на игуменот Партениј, ги добија имињата Теодора и Макрина. По завршувањето на Вечерната. Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Nike Sneakers | Nike Shoes
Повеќе...

„Мироносиците, кои рано наутро дојдоа и гробот празен го најдоа, на апостолите им говореа: Силниот ја порази распадливоста, и оние во адот ги избави од оковите. Со смелост проповедајте дека воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува милост голема“ (седална стихира на Утрена на Недела на жените мироносици).

 

На 26.04.2015 година, во Третата недела по Пасха или Неделата на жените мироносици, беа осветени Источниот и Горниот палат во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир, кои пред нешто повеќе од пет години целосно изгореа во големиот пожар, кој го зафати ова наше светилиште. Но, оваа трагедија не беше причина за очајание за монашкото братство, на чело со  нивниот игумен, архимандритот Партениј, Напротив, оваа разорна стихија уште повеќе ги зближи браќата на духовен план, издигнувајќи го во нив духовниот живот на уште едно повисоко ниво. Нивниот заеднички, пак, труд, денеска може да го видиме во сега уште поунавите реконструирани и новонаправени конаци, кои заблескаа во уште поубав сјај, не оставајќи го рамнодушен ниту еден верник, политичар, дипломат и секој еден посетител на Бигорската обител.  

 

Осветувањето започна со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, еромонасите Доситеј, Макариј и Никанор, свештеникот Никола Христоски, протоѓаконите Ратомир Гроздановски, Дени Насков, Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Дејан Борисов, Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати со пригодна беседа кон неизбројниот верен народ, а потоа свештенослужителите, заедно со верниот народ, излегоа во дворот на манастирот, каде што беше извршен чинот на Осветување на конаците.

Best jordan Sneakers | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey
Повеќе...

„Твојот извор, Дево, сите ние го гледаме како нов Силоам кој ослободува од болести, бидејќи на слепиот му се враќа видот, и сите ние примаме здравје за нашиот живот, постојано“ (песна од канонот на Петок од Светла седмица).

 

Во Петокот од Светлата седмица, на 17.04.2015 година, во денот кога си спомнуваме за сите чудеса, кои Богомајката ги направила за сите кои побарале нејзина помош, но и кои постојано ги прави за нејзините верни чеда, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Миле Ангелоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светлата седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Authentic Sneakers | Nike, adidas, Converse & More
Повеќе...

На 16.04.2015 година, на Светли Четврток, во манастирот „Св. Јован Богослов - Канео“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тмотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Водосвет во Светлата седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%
Повеќе...

На третиот ден од празнувањето на Воскресението Христово, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски, Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита Воскресението Христово на верниците од Кичево и им подели нафора.

Buy Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...
Страница 184 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2